УНДП во партнерство со Министерството за труд и социјална политика и Агеницјата за вработување на РСМ објавуваат оглас за невработени лица како дел од #careeconomy програмата во рамките на Оперативниот план на активни мерки и програми за вработување #ШансаЗаСите2023
150 невработените лица ќе добијат можност за посета на бесплатни тримесечни обуки за негователи и асистенти реализирани на локално ниво, по што ќе имаат отворена можност за вработување во приватни установи за социјална заштита на стари лица и здруженија на граѓани.
Идните работодавачи ќе вработат 100 обучени нововработени негователи кои ќе испорачуваат социјални услуги за помош и нега во домовите на крајните корисници.
Аплицирањето се врши во 30 центри за вработување при Агенција за вработување на РСМ / Agjencia për punsim e RMV со едноставно пополнување на пријавата.